Се заострува реториката помеѓу Ердоган и Нетанјаху

Од:

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху крадец и тиранин, реагирајќи на неговите критики.

Несогласувањата помеѓу двајцата лидери почнаа кога портпаролот на Ердоган го обвини Нетанјаху дека е расист поради неговата изјава дека Израел е земја само на еврејскиот народ.

Нетанјаху на тоа возврати дека Ердоган е диктатор.

Потоа Ердоган го нарече Нетанјаху крадец кој го предводи Израел.

– Ти си тиранин. Ти си тиранин кој коле седумгодишни палестински деца, истакна Ердоган за Нетанјаху.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Опозицијата ќе одговара за саботажата насочена кон турската економија

Горан Наумовски

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

Ердоган: Протестите за апсењето на Имамоглу се претворија во насилно движење

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат