Се уште не се знае судбината на осудените на смрт во Индонезија

Од:

Јавниот обвинител на Индонезија денеска соопшти дека се уште не може да донесе дефинитивна одлука за денот кога 11 на смрт осудени нарко дилери треба да застанат пред стрелачкиот строј. Причината е обидот на адвокатите на францускиот државјанин Серж Атлауи и на Мартин Андерсон од Гана пред Врховниот суд да извојуваат одлука за ново судење.

Вчера пропадна последниот обид за спас на двајцата австралијанци кои се меѓу единаесетмината осудени нарко дилери, чија егзекуција требаше да биде извршена во февруари, но се одложува поради тоа што адвокатите на осудените ги користат и последните правни лекови. Судските авторитети во Индонезија, соочени и со политички притисок на дипломатиите од државите чии сограѓани треба да бидат стрелани ги допуштаат сите форми на адвокатските застапници за евентуално преиспитување на најстрогите пресуди.

Поради егзекуција на двајца сцои сограѓани, лани од Џакарта своите амбасадори ги повлекоа Холандија и Бразил. Но, ставот на претседателот на Индонезија, Јоко Видодо, дека нема помилување за нарко дилерите не им дава речиси никакви шанси на политичките притисоци. За милост, најмалку два пати, со Видодо разговараше лично премиерот на Австралија Тони Абот, кој на прилично разгневената австралиска јавност мораше да и соопшти дека шансата за помилување е нула.

Компликации во судската процедура внесува и минатата недела неприфатеното барање на филипинката Мери Џејн Велосо од страна на Врховниот суд, но нејзините адвокати најавија дека во образложението на пресудата имаат најдено доволно правни факти да побараат интервенција на Уставниот суд на Индонезија.

При речиси секое објавување на резултатите од апелите пред судовите, највисоките политички кругови во Индонезија ги повторуваат податоците според кои речиси пет милиони жители на Индонезија се регистрирани како нарко зависници. Од прекумерна употреба на дрога во таа 250 милионска држава, во просек, дневно умираат по 46 зависници.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници