Се уште не е постигнат договор за ЦЕТА, денеска продолжуваат разговорите

Од:

Разговорите на европските лидери во Белгија, со цел да се стави крај блокадата на основниот договор за слободна трговија меѓу ЕУ и Канада (ЦЕТА), завршија вчера без успех, но учесниците најавија дека денеска ќе продолжат разговорите.

– Ќе продолжиме в четврток, но близу сме до договор, истакна лидерот на германското малцинство во Белгија, Оливер Паш и оцени дека е постигнат значаен напредок.

Европските лидери изразија надеж дека денеска ќе биде остварен напредок во тешките преговори за ЦЕТА, и покрај забелешките од Валонија, белгискиот регион кој се спротивставува на клучните одредби.

Белгиската федерална Влада на десниот центар и лидерите на нејзините заедници од холандското и француското говорно подрачје, вклучително и лидерите од јужните франкофонски региони во Валонија, ги продолжија најновите, од многуте рунди на разговори, во Брисел со цел да ја прекинат блокадата на ЦЕТА договорот.

Шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер вчера изрази оптимизам дека белгиската сојузна Влада конечно ќе успее да ја убеди нејзината француска говорна заедница која се спротивставува на овој договор и дека ќе потпише договор која бара едногласно одобрување од страна на сите 28 земји членки на ЕУ.

Меѓутоа, Јункер истакна оти не знае дали договорот ќе биде постигнат на време со цел да се одржи планираното потпишување на докуметот со канадскиот премиер Џастин Трудо, на самитот во четврток.

Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, кој ќе биде домаќин на самитот, изјави дека Европскиот парламент се надева оти договорот наскоро ќе биде постигнат.

Тој исто така предупреди дека ЕУ ќе го загрози нејзиниот меѓународен углед „ако не потпише договор за слободна трговија со земја како што е Канада, европски оријентирана држава надвор од Европа и близок пријател и сојузник“.

Претставниците на Валонија, силниот регион јужно од Брисел кој има 3,5 милиони жители, сакаат гаранција дека ЦЕТА нема да наштети на локалните интереси.

Критичарите особено се спротивставуваат на условите на договорот, кој ги штити меѓународните инвеститори, а кој, како што тврдат, ги присилува Владите да ги менуваат законите спротивно од желбата на народот. 

Во меѓувреме, канадската делегација соопшти дека нема да патува за Брисел, каде што за денеска беше планирана средба на врвот со Европската унија, на која требаше да биде официјално потпишан Сеопфатниот економски и трговски договор (СЕТА), пренесе ДПА.

„Канада е подготвена да го потпише овој важен договор, кога Европа ќе биде подготвена, изјави Алекс Лоренс, портпарол на канадското Министерство за меѓународната трговија.

Премиерот Џастин Трудо се очекуваше да полета синоќа за Брисел, за да стави потпис под договорот за слободна трговија, но неговото патување засега е одложено поради неспособноста на Белгија да постигне компромис меѓу регионите и провинциите.

Би можело да ве интересира

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов