Се урнаа два авиона на индиските воздухопловни сили, еден пилот загина

Од:

Два авиона на индиското воено воздухопловство се урнаа денеска, при што загина еден пилот, објави Военото воздухопловство.

„Авионите биле на рутинска мисија за обука за летање. Еден од тројцата пилоти се здобил со фатални повреди. Наредена е истрага за да се открие причината за несреќата”, се вели во соопштението на воздухопловните сили.

Несреќата се случила во близина на градот Гвалиор во државата Мадја Прадеш, додаваат тие.

Официјални лица претходно соопштија дека едниот авион се урнал во Мадја Прадеш, а другиот во соседната држава Раџастан.

Воздухопловните сили не прецизираа за каков тип на авион се работи, но медиумите објавија дека станува збор за авиони Сухој-30 и Мираж 2000.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Индиец бил прогласен за мртов, а потоа оживеа по 8 месеци: ДНК тестот го отстрани сомнежот

Јапонија и Индија одржаа прва заедничка вежба со борбени авиони

Ана Ололовска

Град во Индија почна да тоне поради непланската градба

А1он

ВИДЕО: Човек од Индија сакал да влезе во воз кој веќе тргнал, за малку не бил згмечен

Ана Ололовска

Индискиот производител на сируп го прекинува производството по смртта на 19 деца

А1он

Најмалку осум лица загинаа во стампедо на политички митинг во Индија

А1он