Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Од:

Две жени и три деца се повредени денеска во станбен блок во Палермо кога сајлите што го држеле лифтот попуштиле под нивната тежина.

Како што јави агенцијата Анса, 32-годишна жена претрпела тешка повреда на десната нога, а нејзините три деца и уште една 71-годишна жена се полесно повредени.

Според првите информации, лифтот кој се урна бил рачно изработен, го изработил член на семејството кој по професија е ковач.

Зградата нема скали и овој лифт го користеле станарите за да стигнат до своите станови.

Полицијата соопшти дека најверојатно до падот на лифтот дошло бидејќи тежината на сите патници во лифтот била поголема од максимално дозволената, па сајлите се откачиле од платформата бидејќи не го издржале товарот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага