Се продлабочува политичката криза во Португалија

Од:

Уште двајца португалски министри денеска ќе поднесат оставка, објавија локалните медиуми.

Според нив, оставка ќе поднесат министерот за земјоделство Асунсао Кришас и министерот за социјална заштита Педро Мото Соареш. Тие ќе го следат примерот на лидерот на партијата ЦДС-ПП Пауло Порташ, инакуминистер за надворешни работи.

Португалскиот премиер Педро Пасош Коељо изјави дека не планира да поднесе оставка иако двајца клучни членови на неговата Влада поднесоа оставка деновиве.

Коељо синоќа изјави дека не ја прифаќа оставката на Порташ и оти ќе продолжи да ја води Влдата на десен центар со цел обезбедување на политичка сигурност и надминување на застојот.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница

Четворица мртви во Португалија по кавга за гулаби

Горан Наумовски