Се повеќе Германци му веруваат на Путин

Од:

Се повеќе Германци веруваат во тврдењата на Путин покажува студијата на Центарот за набљудување, анализа и стратегии. анализата покажува дека истокот од земјата бројот на оние кои и веруваат на Москва е многу поголем отколку на западот, пишува Дојче веле.

„Нападот на Русија врз Украина е реакција на провокациите на НАТО што Москва не можеше да ги игнорира.“ Според резултатите од студијата на Центарот за набљудување, анализа и стратегија (ЦеМАС), 19 отсто од германските граѓани веруваат во оваа изјава. Ова е зголемување за седум проценти во однос на април годинава.

Студијата на овој тинк-тенк покажува дека, особено на истокот на земјата, подготвеноста да се верува во пропагандата на Путин е висока. Повеќе од една третина од анкетираните овде веруваат дека НАТО ја „провоцирал“ Русија.

Слична е ситуацијата и со уште едно омилено тврдење од пакетот теории на заговор: дека рускиот претседател Владимир Путин ја води борбата против глобалната елита која „ги влече конците одзади“, сметаат 27 отсто од испитаниците на истокот на Германија. Во ова веруваат 16 отсто од испитаниците во западниот дел од земјата.

Најголемата поддршка за овие теории на заговор доаѓа од гласачите на десничарската популистичка Алтернатива за Германија (AfD). Речиси половина од гласачите на оваа партија веруваат не само дека НАТО го испровоцира Путин, туку и дека Украина е дел од Русија.

Авторите на студијата велат дека резултатите, со оглед на зголемената поддршка за Путин во германското општество, се „вознемирувачки”. CeMAS, која се занимава со истражување на лажни вести и дезинформации, бара од политичарите да поттикнат посилна конфронтација со феноменот на ширењето на лажни вести.

Во последниве недели има се повеќе протести во градовите, особено во источна Германија, каде барањата за посилни антиинфлациски мерки се мешаат со барањата за укинување на санкциите против Русија и немешање во војната во Украина.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски