Се помали се шансите за затрупаните рудари во Индонезија

Од:

Се помали се шансите дека спасувачките екипи ќе успеат да пронајдат преживеани меѓу 23 рудари, кои се затрупани во рудникот за злато и бакар кој се урна пред четири дена во источниот дел на Индонезија.

Напорите на спасувачите да дојдат до затрупаните рудари ги спречува одронот на камењата. Шефот на тимот за вонредни операции Нурхади Сабирин изјави дека веќе некокку дена немало никакви знаци на живот во урнатиот рудник, кој е во сопственост на САД.

– Како минува времето, се помали се шансите дека некој преживеал, нагласи Сабирин. Несреќата се случи во вторникот во рудникот Фрипорт-МекМоРан Грасберг, еден од најголемите рудници за злато и бакар во светот, кој се наоѓа високо во планините на индонезиската провинција Папуа.

Во моментот на несреќата во русникот се наоѓале 38 лица. Десет рудари се спасени, а досега се пронајдени телата на петмина.

Би можело да ве интересира

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски