Сè поизвесно е дека Путин ќе добие можност да владее до 2036 година

Од:

Првичните резултати од референдумот во Русија, врз основа на обработени 26.55% проценти од гласачките места, покажуваат дека 73,55 проценти од Русите ги поддржале уставните реформи што ги бара претседателот Владимир Путин, јавуваат светските медиуми.

Со уставните измени се отвора можноста актуелниот шеф на државата да остане на функцијата до 2036 година. Референдумот траеше една недела поради заштитните мерки против ширењето на коронавирусот, а последните избирачки места се затворија денеска во 20 часот по локално време во Калининград.

Путин гласаше во Москва, во Руската академија на науките и тој не носеше заштитна маска, наспроти важечките прописи кои налагаат таква мерка во затворени простории.

Кремљ смета дека амандманите се неопходни за стабилноста и сигурноста на државата, додека критичарите сметаат дека измените претставуваат антидемократски чин кој претседателот го претвораат во монарх.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски