Се намалува бројот на руски борбени авиони кои летаат над Украина

Од:

Британското разузнавање соопшти дека има голема промена во руските воздухопловни сили

Министерството за одбрана на Велика Британија објави нов дневен разузнавачки извештај за ситуацијата во Украина.

Во него разузнавачите наведуваат дека во последните месеци значително е намален бројот на руски борбени авиони кои летаат над Украина.

„Руските авиони сега веројатно извршуваат десетици мисии дневно, во споредба со максимумот од 300 мисии дневно во март“, рекоа разузнавачите.

Русија сега изгуби повеќе од 60 борбени авиони во конфликтот, а на ова веројатно треба да се додадат и ловецот Су-24М FENCER и јуришниот авион Су-25 FROGFOOT што ги загубија минатата недела, велат разузнавачките извори.

Тие додаваат дека намалениот број на летови веројатно е резултат на постојаната висока закана од украинската противвоздушна одбрана, ограничувањата на часовите на летање и влошувањето на времето.

„Со оглед на тоа што тактиките за копнени напади на Русија во голема мера се потпираат на визуелна идентификација и неводена муниција, руските воздухопловни сили веројатно ќе продолжат со мал број копнени напади за време на лошите зимски временски услови“, заклучуваат британските разузнавачи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО