Се бара итно отворање коридори, Израел негира дека има хуманитарна криза во Газа

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека и е потребен итен пристап до Газа за испорака на помош и медицински материјали, предупредувајќи на продолжена хуманитарна криза во палестинската енклава.

Регионалниот директор за итни случаи на Регионалната канцеларија на СЗО за Источен Медитеран, д-р Ричард Бренан, рече дека агенцијата се среќава со „носителите на одлуки“ за да се отвори пристапот до Газа што е можно поскоро.

„Имаме помош јужно од Рафах и чекаме дозвола за влез во Газа“, рече тој. Рафах, единствениот граничен премин меѓу блокираната Газа и Египет, стана клучен за снабдувањето со Газа.

Израел започна интензивно бомбардирање и опсада на Газа по разорниот напад на исламистичките милитанти Хамас на 7 октомври.

Претставникот на СЗО за окупираните палестински територии, д-р Ричард Пиперкорн, рече дека 2.800 луѓе се убиени, а 11.000 се повредени во Газа од почетокот на израелските воздушни напади.

Имаше 115 напади врз медицински установи, а повеќето болници во Газа се борат да се грижат за болните и ранетите поради недостиг на вода и електрична енергија, медицински материјали, соопштија официјални лица.

Портпаролот на војската на Израел го негираше постоењето на хуманитарна криза во Газа.

По нападите на Хамас на 7 октомври, Израел го блокираше прекуграничното снабдување со електрична енергија, гориво и вода за Појасот Газа и изведува воздушни напади на територијата.

Утрово, палестинската агенција за бегалци на ОН предупреди дека болестите што се пренесуваат преку вода може да почнат да се шират бидејќи на поголемиот дел од Газа нема вода за пиење.

Но, во интервју за BBC Newsnight, потполковникот Ричард Хехт инсистираше на тоа дека во Газа има струја и вода.

„Немаме обврска да му доставуваме струја на Хамас“, вели Хехт. „Луѓето кои не нападнаа веќе неколку години го контролираат Појасот Газа, имаат струја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“