Советот за безбедност на ОН изрази синоќа „длабока разочараност“ од неспособноста на завојуваните страни во Јужен Сидан да финализираат мировен договор.
Советот остро ги осуди нарушувањето на примирјето потпишано од претседателот Салва Кијр и негивиот „соперник“ поранешниот потпретседател Риек Мачар.
Во текстот на декларацијата се вели дека „сериозноста и итноста“ на ситуацијата налагаат сите страни „да преземат енергични и сеопфатни чекори“ за прекин на вооружениот конфликт.
Советот упати и закани за санкции за оружје и санкции за високи претставници од двете страни кои со свои акции нарушуваат безбедност и мировниот процес.
Во меѓувреме, пратениците во парламентот на Јужен Судан гласаа вчера за продолжување на мандатот на претседателот Салва Кијр за три години.