СБ на ОН одобри умерена резолуција против сексуалното насилство

Од:

Советот за безбедност на Обединетите нации одобри умерена резолуција за борба против сексуалното насилство во конфликтните зони.

На синоќешното гласање 13 држави се изјаснија „за“, додека Русија и Кина беа воздржани бидејќи имаа поднесено свои резолуции.

САД за да гласаат за резолуцијата бараа од текстот, предложен од Германија, да се отстрани пасусот што се однесува на нужноста за обезбедување на помош на жртвите на сексуално насилство, вклучително и „сексуална и репродуктивна здравствена нега“.

Велика Британија, Белгија и Јужна Африка изразија жалење поради исфрлувањето на наведениот дел од текстот на резолуцијата.

Во резолуцијата се истакнува загриженоста на СБ поради „бавниот напредок“ во елиминацијата на сексуалното насилство во воените зони ширум светот, како и оти таквите дела често не се казнуваат, како и барањето жртвите да имаат подобар пристап до правосудните органи.

Од резолуцијата отстранета е и позитивната нота за работата на Меѓународниот кривичен суд за прашањето за гонење на сторителите на сексуално насилство.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство