СБ на ОН итно се состана поради кризата во Јемен

Од:

Советот за безбедност на ОН денеска заседаваше зад затворени врати околу кризата во Јемен, каде припадници на шиитската милиција ја зазедоа претседателската палата во Сана, а генералниот секретар на светската организација Бан Ки-мун ги повика сите страни во земјата итно да ги прекинат борбите.

Бан изрази „сериозна загриженост“ и побара од инволвираните страни во конфликтот „да покажат максимална воздржаност и да преземат потребни чекори со цел на легитимните владини институции да им се врати целосниот авторитет“.

СБ на ОН го разгледа извештајот на специјалниот пратеник на ОН, Џамал Беномар за очевидниот обид за соборување од власт на претседателот Абдрабух Мансур Хадиј, кој е сојузник на САД во борбата против Ал Каеда.

Беномар, кој му се обратил на Советот преку видео-линк од Доха, изјавил дека шиитската милиција, позната како Хути, извршила „жесток напад со употреба на тешко оружје“ врз претседателската палата.

Според специјалниот пратеник на ОН, Хутите ги убедиле владините вооружени сили да не учествуваат во судирите, поради што останала да се бори само претседателската гарда. Тој истакнал дека веднаш ќе отпатува во Сана, со цел да се обиде да помогне во стабилизирање на ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство