СБ на ОН денеска ќе расправа за санкциите врз Пјонгјанг

Од:

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе расправа за проширување на санкциите врз Северна Кореја поради нејзината трета нуклеарна проба извршена минатиот месец.

По еднонеделно преговарање зад затворени врати Советот за безбедност на ОН се очекува да гласа за нацрт-резолуцијата поднесена од САД и Кина. Предлогот се однесува на севернокорејските дипломати, ограничување на финансиските трансакции и пристапот до луксузни стоки.

Дипломатите очекуваат едногласно гласање на резолуцијата на СБ на ОН.

Пјонгјанг ги игнорираше санкциите воведени по првите две нуклеарни проби во 2006 и 2009 година и извршина лансирање на ракета со долг дострел во декември минатата година, а потоа уште попровокативна и трета нуклеарна проба во февруари.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски