За денеска е закажана итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за да се договорат потезите поврзани со растечката хуманитарна криза во Украина.
САД, Велика Британија, Франција, Ирска, Норвешка и Албанија побараа итен состанок, соопштија дипломатски извори, поттикнати од интензивното гранатирање кое го вршат руските сили во станбените области на украинските градови во последните денови.
САД, Велика Британија и Франција се постојани членки на Советот, заедно со Русија и Кина.
Најавено е дека се водат разговори за да му се овозможи на украинскиот претседател Володимир Зеленски да зборува пред Генералното собрание на Обединетите нации, во кое свои претставници имаат сите земји-членки.
Извор: МИА