„Саут морнинг чајна пост“: Кина најавува закон за Хонгконг

Од:

Кина најавува усвојување закон за Хонг Конг како одговор на минатогодишните, честопати насилни про-демократски демонстрации и најтешките немири од враќањето на Хонг Конг во кинески суверенитет во 1997 година, објави Саут чајна морнинг пост, пренесоа британски медиуми.

Неименуван извор за кинескиот дневен весник рече дека со закон ќе биде забранета сецесија, мешање од странство, тероризам и сите други сепаратистички активности насочени кон соборување на централната власт и странско мешање во внатрешните работи на поранешната британска колонија.

Демонстрантите во Хонг Конг ја сметаат таа најава како грубо мешање на кинеската Комунистичка партија во автономијата на Хонг Конг, но официјален Пекинг ги негира обвинувањата.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија