Саудискиот монарх Салман пристигна денеска на посета во Индонезија првпат по речиси половина век.
Кралот Салман беше пречекан со раскошна церемонија, каде присуствуваа илјадници лица.
Кралот слета на аеродромот „Халим“ во Џакарта, каде беше пречекан од индонезискиот претседател Јоко Видодо и гувернерот христијанин на Џакарта Басуки Тјахаја Пурнама, кој води тешка битка за реизбор по обвиненијата дека го изругал Куранот.
Кралот отпатува со големо обезбедување со претседателската резиденција во Богор, близу до Џакарта.
Улиците по маршрутата до кралскиот дворец беа исполнети со десетици илјади луѓе, повеќето ученици.
Локалните медиуми јавија дека статуите на голи мажи и жени во дворецот биле покриени од почит кон саудиските гости.
Салман е на посета во Азија за подобрување на односите и склучување на бизнис зделки.
Кралот Салман ќе престојува шест денови во Индонезија на туристичкиот остров Бали.
Се очекува Саудиска Арабија и Индонезија да склучат десетина договори за време на посетата на монархот, во областа на религијата и образованието.
Индонезиските претставници наведоа дека очекуваат посетата да доведе до нови инвестиции во висина од 25 милијарди евра.