Принцот Абдул Азиз бин Фахд од Саудиска Арабија е убиен откако давал отпор при апсење, со што тој е втор саудиски принц кој што умира во една недела.
Погинатиот принц бил осомничен за вмешаност во работењето на компанијата „Сауди Огер лимитед“ која што припаѓа на семејството на либанскиот премиер Харари, пишува „Дејли мејл“.
Минатиот викенд во пад на хеликоптер загина принцот Марсур бин Муркин.
Саудиска Арабија на 5 ноември ја објави одлуката на анти-корупцискиот комитет и започна со акција на апсење на високи чиновници, вклучувајќи и 11 принцови.