Саудиски принц повика на жените во Саудиска Арабија да им се дозоли за возат автомобили

Од:

Член на саудиското кралско семејство одлучи да раскине со традицијата и повика на укинување на забраната жени да возат автомобили.

Принцот Алвалид Бин Талал изјави преку социјални медиуми дека е крајно време властите во неговата држава да им дозволат на жените да управуваат автомобили.

Саудиска Арабија е единствена држава во светот во која е забрането жени да управуваат автомобили.

– Спречувањето жени да возат автомобили денес е прашање на човеково право, слично на тоа кога на жените им забранува да се образуваат, напиша Алвалид на Твитер.

Тој наведува финансиски, економски, социјални, верски и политички фактори, поради кои жените би требало да управуваат автомобили.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ