Саудиска принцеза ограбена во Париз – крадците „се омрсиле“ со 600.000 евра во накит, чанти и крзно

Од:

Неименувана припадничка на саудиското кралско семејство, непријатно се изненадила кога вчера се вратила во нејзиниот стан во Париз и открила дека биле ограбени нејзините скапоцени чанти, накит и крзно, во вредност од 600.000 евра. Принцезата била во шок и е сместена во болница.

Како што објавија француските медиуми, саудиската принцеза не била во нејзиниот стан во Париз од средината на август. По враќањето во четвртокот, таа го пронашла станот испразнет од нејзините торби, накит и крзна. Вкупниот износ на пленот изнесувал најмалку 600.000 евра, наведува извор близок до истрагата.

-Сторителот влегол во овој голем стан на авенијата „Жорж Петти“, во близина на Елисејските полиња, без употреба на сила, изјавил изворот, со што ја потврдил информацијата објавена од весникот Паризиен.

Исчезнати биле 30-на торби Хермес, проценети меѓу 10.000 и 30.000 евра по парче, часовник Картие, накит и крзно.

-Вкупната штета се уште се проценува, наведува изворот.

47-годишната жена, чиј идентитет не се открива, поради шокот била хоспитализирана и истражителите се уште не можеле да ја сослушаат.

Јавното обвинителство во Париз отвори истрага и ѝ ја довери на Бригадата за разбојништва на париската судска полиција.

Би можело да ве интересира

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Новинарите мораа да го напуштат хотелот за време на американско-руските преговори

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција