Саудиска Арабија денеска соопшти дека презела 2,5 милиони бегалци од почетокот на конфликтот, што претставува прв официјален одговор на обвинувањата дека таа богата заливска земја можела повеќе да стори за бегалците, пренесува Танјуг.
Официјалната новинска агенција, цитира неименуван функционер од Министерството за надворешни работи, кој наведе дека кралството преземените не ги третира како бегалци и не ги сместува во кампови „за да се обезбеди нивното достоинство и безбедност“.
Тој наведува дека тие можат слободно да се движат низ земјата, а неколку стотини илјади кои одлучиле да останат, добиле државјанство, можност да се вработат, школуваат и да добијат бесплатна медицинска нега.