Саудиска Арабија првпат ги намали платите во јавниот сектор

Од:

Владата на Саудиска Арабија соопшти дека ги намалува платите и надоместоците на сите вработени во јавниот сектор, што е прв таков случај во историјата на оваа држава.

Одлуката е донесена со кралски декрет, а како главна причина за ваквото решение се наведува драстичниот пад на цената на нафтата и долгото одржување на ниската цена на „црното злато“ на светскиот пазар.

Со декретот е определено платите на министрите да се намалат за 20 отсто, додека надоместоците за наемнини и за користењето на автомобилоте за членовите на Советодавниот кралски совет се намалени за 15 проценти.

На сите други пониски државни службеници ќе им биде укинат додатокот за стручност и квалификуваност, како и за прекувремена работа и за годишни одмори.

Околу две третини од вработените во Саудиска Арабија, работат во државниот сектор на земјата.

На нивните плати и другите давачки за разни надоместоци отпаднаа речиси половина од владините буџетски трошоци од 120 милијарди во минатата година.

Властите во Ријад објаснуваат дека овие давачки за плати и надоместоци имаат голем удел во буџетскиот дефицит на земјата од 98 милијарди долари.

Во април годинава, крунскиот принц Мохамед бин Салман најави пакет реформски мерки со цел да се намалат буџетските трошоци, како и да се намали зависноста на приходите на државата од нафтата.

Саудиска Арабија дури 72 отсто од своите приходи ги остварува од експлотацијата и продажбата на нафта.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ