Саудиска Арабија по нападите на САД: Ги осудуваме кршењата на суверенитетот на Иран

Од:

Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија изрази длабока загриженост за најновите случувања во Исламската Република Иран, особено воздушните напади на Соединетите Американски Држави врз нуклеарните објекти на Иран.

„Кралството Саудиска Арабија со длабока загриженост ги следи случувањата во Исламската Република Иран, особено целното таргетирање на иранските нуклеарни објекти од страна на Соединетите Американски Држави“, се наведува во официјалното соопштение на Министерството за надворешни работи.

Саудиска Арабија ја нагласи потребата од воздржаност, намалување на тензиите и спречување на понатамошна ескалација. Кралството, исто така, ја повика меѓународната заедница да ги интензивира дипломатските напори со цел да се постигне политичко решение.

Соопштението, исто така, потсетува на претходната изјава на саудиското Министерство за надворешни работи од 13 јуни 2025 година, во која Ријад го осуди кршењето на суверенитетот на Иран.

„Кралството ја нагласува важноста од вложување на сите можни напори со цел смирување на ситуацијата, избегнување на понатамошна ескалација и отворање на патот за постигнување политичко решение што би ставило крај на кризата и би отворило ново поглавје во постигнувањето безбедност и стабилност во регионот“, се заклучува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Калас: Израелските акции сериозно го загрозуваат примирјето

Израел: Ја убивме „десната рака“ на водачот на Хезболах

Израел: Убивме клучен терорист – дејствуваше под маската на новинар на Ал Џезира

Врховниот лидер на Иран прогласи победа над Америка

Горан Наумовски

Захарова: САД ја покажуваат својата агресија поради долговите низ целиот свет

Израелските одбранбени сили ќе воспостават нова безбедносна зона во Јужен Либан