Саудиска Арабија најголем купувач на оружје од балканските земји

Од:

Албанија и Србија се рекордери меѓу земјите од балканскиот регион во продажба на оружје и муниција, а нивни најголем купувач е Саудиска Арабија, се наведува во извештај на Организацијата за контрола на малокалибарското и лесно оружје во Југоистична и Источна Европа (СЕЕСАЦ) за 2016 година.

Во документот се посочува дека во 2016 година Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија продале оружје и муниција во вкупна вредност од 514,6 милиони евра.

Според пресметките на Организацијата, земјите од Балканот добиле најмногу пари од продлажба на оружје и муниција на Блискиот Исток или вкупно 187,6 милиони евра, а потоа следуваа извозот во Северна Америка со 72 милиони и во државте на ЕУ со 54,5 милиони евра.

Освен во Саудирска Арабија, оружје и муниција од балканските земји во поголем обем е продавано и во други земји, како Авганистан, Ирак, Алжир и Турција.

Во извешштајот се нагласува дека,посебно Турција покажувала се поголем интерес за оружјето од Балканот.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Истрага за недозволено држење оружје во Скопје, предложен притвор

Триесет дена притвор за кумановецот осомничен за криење оружје и муниција во близина на Арачиново

Предраг Петровиќ

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Зеленски: На Украина и треба повеќе оружје

Запленета дрога и оружје кај маж од Дојран