Триесет дена притвор за кумановецот осомничен за криење оружје и муниција во близина на Арачиново

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишен жител на Куманово, кој заедно со други засега непознати лица, во канал покрај локалниот пат меѓу селата Орланци и Никуштак криеле поголемо количество огнено оружје и муниција.

Државното Јавно обвинителство соопшти дека полицијата, на 18 декември, покрај коловозната лента до пластичен столб за светлосна сигнализација означен со лименка, пронашла пушкомитралез, десетина автоматски пушки, рамки и поголем број куршуми кои на граѓаните им се забранети и за чие поседување цивилните лица не можат да добијат дозвола.

-Со дополнителни истражни дејствија по наредба на јавен обвинител откриени се материјални траги кои даваат основано сомнение дека токму овој осомничен и уште неколку други лица, на чија прецизна идентификација се работи, недозволено го држеле оружјето на наведената локација. Со ова осомничениот сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик, информира ЈОРСМ.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и опасност да го повтори делото.

-Потврда дека постои опасност осомничениот да се обиде да го избегнува кривичниот прогон е фактот што тој бил лишен од слобода на 29 декември на граничниот премин Долно Блаце при обид да излезе од државата. Исто така, обезбедените материјални траги упатуваат дека тој имал соучесници, па осомничениот би можел да влијае врз нив доколку се брани од слобода. Судот го прифати ваквото образложение на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението ан Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати

МВР: Лишени 16 возачи од слобода, 14 возеле без возачка дозвола, меѓу кои двајца малолетници

Предраг Петровиќ

Новиот закон е „политички популизам“ – остава без работа 10.000 луѓе, отвора врата за црниот пазар, а државата ја соочува со потенцијални загуби од над една милијарда евра

Македонски државјанин е обвинет за убиство со умисла на 45-годишната жена на Крит

Предраг Петровиќ

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?