Според Вашингтон пост, децата на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги добија куќи од милиони долари и пет цифрени месечни исплати како компензација за убиството на нивниот татко,
Конечниот износ, кој се очекува да биде повисок, е дел од преговорите за “крвни пари”, кои ќе завршат откако ќе заврши судскиот процес против убијците на Кашоги во наредните месеци.
Саудиските официјални претставници го отфрлија тврдењето дека исплатата е дел од договорот за да ги замолчи децата на Кашоги.
Плаќањата се во согласност со долгогодишната практика на земјата за обезбедување на финансиска поддршка за жртвите на насилен криминал дури и од природни непогоди.
“Таквата поддршка е дел од нашиот обичај и култура”, рече саудиски офоцојален претставник.
Како дел од прелиминарното решение, двајцата синови и две ќерки на новинарот на Вашингтон пост добија куќи во Џеда, за кои се вели дека вредат околу 4 милиони долари по глава.
Најстариот од четирите браќа и сестри, Салах Хашоги, е единствениот кој има намера да продолжи да живее во Саудиска Арабија, додека другите – кои живеат во САД – се очекува да ги продадат своите имоти во Саудиска Арабија.
Се тврди дека прашањето за тоа колку далеку да се заштити наследството на нивниот татко и колку критики треба да бидат насочени кон кралството е извор на тензии помеѓу останатото семејтво на Кашоги.
Саудиските власти објавија дека истражуваат 21 лице во врска со убиството на Кашоги. Сепак, престолонаследникот Мохамед бин Салман, за кој се верува дека го овластил убиството, не е меѓу осомничените.