Саудијките ја предадоа историската петиција за ослободување од мажите

Од:

Повеќе од 14.000 жени во Саудиска Арабија потпишале петиција со која бараат да се укине системот на машки надзор, пишува белградски „Блиц“.

За да можат патуваат, изнајмат стан, одат на лекар, студираат, да се вработат, па дури и да се омажат, жените во Саудиска Арабија мораат да добијат согласност од маж. Во најголем број случаи нивните старатели се машките членови на семејството, најчесто татковците, браќата или машките роднини, но во случај жената да е вдовица таа улога можат да ја преземат и машките деца.

Сепак, можеби најголемиот проблем е тоа што жените не можат да се заштитат од своите старатели во случај да бидат злоставувани. Дури од 2013 година семејното насилство во оваа земја стана казниво, но истовремено и тешко за докажување, бидејќи жена може да излезе на суд само со дозвола од маж.

Жените во Саудиска Арабија сакаат да ја променат ваквата состојба, а почнаа и акција под хаштагот #TogetherToEndMaleGuardianship, односно „заедно да го прекинеме машкото стартелство“ и #StopEnslavingSaudiWomen, односно „престанете да ги поробувате саудиските жени”.

Саудиките не се откажуваат од своите барања. Тоа што го бараат е жената да биде одговорна сама за себе, односно тоа право да го стекне меѓу 18 и 21 година од животот, кога станува полнолетна.

Петицијата во Кралскиот суд ја предаде активистката Азиза Ал-Јусеф. Ова е веќе вторпат во последните пет години жените да почнуваат кампања за старателствата.

Саудиските власти засега не ја коментараат петицијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ