Ерменскиот претседател Серж Саркисјан изјави денеска дека меѓународната заедница мора да го признае правото на спорниот регион Нагорно Карабах сам да ја одреди својата иднина.
– Тие сакаат сами да одлучуваат за својата судбина и својата иднина. Тие очекуваат само една работа од меѓународната заедница, а тоа е признание на тоа право, рече Саркисјан за Нагорно Карабах, по разговорите кои во Берлин ги водеше со германската канцеларка Ангела Меркел.