Санкциите кон Русија го потресоа европскиот туризам

Од:

Кризата во Украина и санкциите на Западот кон Русија значително влијаеа на бројот на Русите, кои ова лето патуваа во Европа, соопшти Владата во Москва.

– Бројот на руските туристи во Европската унија е намален за 30 отсто поради влошување на нашите меѓународни односи, изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.

– Тоа е лоша вест, бидејќи нашите граѓани ја плаќаат цената, како и за економијата на земјите, кои им посакуваат добредојде на туристите, рече тој.

Стопанскиот раст на Русија беше успорен и пред санкциите на Западот кон Москва поради нејзината улога во украинската криза, но кризата доведе до масовен одлив на капитал и одложување на потрошувачката, што економијата ја турна на работ на рецесија.

Владата мораше да помогне во враќањето на десетици илјади туристи, кои биле заглавени во странство, откако повеќе туристички агенции банкротираа поради падот на приходите.

– Ситуацијата во туристичкиот сектор не е лесна, тоа е јасно, но не може да се говори за сериозна криза, рече премиерот.

Според податоците на руската Влада, околу 40 милиони Руси, што е повеќе од една четвртина од популацијата, секоја година патуваат во странство. Податоците покажуваат дека патувањата во централна и северна Европа значително се намалени, додека во пораст се заминувањата во потоплите јужни дестинации.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија