Сандерс: Дента кога Бајден ќе биде избран за претседател на САД, треба да имаме сериозна дебата за иднината на земјата

Од:

Американскиот сенатор и поранешен кандидат во трката за претседателски кандидат на Демократите во САД, Берни Сандерс, ја потврди својата заложба за избор на Џо Бајден за претседател на државата.

Тој рече дека откако Американците ќе го изберат Бајден за претседател на САД, во државата треба да биде оддржана „сериозна дебата“ за насоката на движење на земјата.

„Ние заедно треба да го победиме Трамп, а по изборот на Бајден, ќе имаме сериозна дебата за иднината на оваа земја, но тоа ќе го направиме во рамките на едно демократско општество“, рече Сандерс за емисијата „Дејли Шоу“.

Сенаторот од Вермонт веднаш по завршувањето на неговата кампања даде поддршка за поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден.

Иако во Демократската партија постојат разлики, Сандерс повика на единство меѓу конкурентските фракции бидејќи како што истакна тој „тоа е неопходно за да се избегне реизборот на претседателот Трамп“.

Би можело да ве интересира

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Бајден: Американците ќе бидат дел од првата фаза од ослободувањето на заложниците

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Зеленски: Зборував со Бајден за поддршката на САД за Украина

Бајден ја осуди одлуката на Мета да стави крај на програмата за проверка на факти