Јужнокорејскиот електронски гигант „Самсунг“ планира следната година да продаде повеќе од половина милијарда телефони во светот (510 милиони) и со тоа да ја зачува лидерската позиција на овој пазар.
„Самсунг“, за реализација на оваа цел, планира на продажбата на новите апарати со инсталиран оперативен систем Андроид, на американската компанија „Гугл“, но и на забрзување на продажбата на „паметни“ мобилни телефоби со инсталиран оперативен систем Виндоуз фон 8, на американската софтверска компанија „Мајкрософт“.
Јужнокорејската компанија оваа година направи посебен продор на пазарот на мобилна телефонија, каде го зазеде првото место пред финскиот производител „Нокиа“.