Само Филипините очекуваат спектакуларен резултат од азиската турнеја на Барак Обама

Од:

Претседателот на САД, Барак Обама денеска пристигна во дводнева посета на Малезија.

Тој во Куала Лумпур пристигна од Сеул. Неговата еднонеделна турнеја на Азија почна со посета на Јапонија, а ќе заврши на 29 април по двоневната посета на Филипини.

Предвидено е Обама во Малезија да разговара за спорните прашања меѓу Кина и речиси сите држави на АСЕАН кои имаат територијални претензии на површините на Јужното Кинеско Море, подрачје богато со риба и минерални резерви. Малезија и Кина имаат стабилно политичко и економско сојузништво, па се очекува дека Куала Лумпур, иако и самата има аспирации за поседување на дел од спорните територии, ќе преземе посредничка улога во споровите.

Според аналитичарите, досегашните разговори во Токио и во Сеул, освен потврдувањето на цврстото сојузништво, барем за јавноста, не донесоа ништо неочекувано. Потврдена е американската решителност дека САД се на страна на државите кои бараат Кина да ја олабави својата позиција во однос на сувереноста на морските води и островите во Источното и Јужното Кинеско Море.

Од друга страна, Пекинг денеска потврди дека по неколку дена кинеските воени бродови по неколкудневна пауза го активираа патролирањето на своите воени бродови во формално спорните води.

Медиумите во југоситочна Азија денеска на насловните страни ја пренесуваат изјавата на Обама, според кој Северна Кореја е „отпадник“ во современиот свет и дека нејзиниот сегашен пат само води кон натамошна изолација. Американскиот претседател како многу опасни ги квалификуваше извештаите според кои Пјонгјанг подготвува четврта нуклеарна проба.

Најспектакуларен резултат од сегашната азиска турнеја на Обама треба да дојде при неговата посета на Манила, на 28 и 29 април. САД со децении беа најголемиот сојузник на Филипини, но по одбивањето на Манила да биде домаќин на најголемите поморски и воздухопловни бази на САД вон американска територија односите заладија.

Се очекува при посетата на Обама да се обзнани потпишувањето на неколку воени и трговски договори меѓу САД и Филипините. Американците повторно ќе добијат дозвола за речиси неограничено користење на филипинските воени бази, а најавено е дека Вашингтон ќе инвестира големи средства во проширување и модернизација на филипински воени бази на источниот брег на архипелагот.

Филипинците очекуваат дека Обама ќе донесе и убава вест за околу 300.000 нивни земјаци кои сега илегално престојуваат во САД. Филипинците добија дозвола за привремен престој во САД по катастрофалните тајфуни во 2012 година, а многумина решија да останат тамо и по истекот на договорените 12 месеци. Од своите луѓе кои работат во САД, филипинските семејства добиваат над 2,5 милијарди долари месечно.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас