Само 4% од Французите се задоволни од работата на Оланд

Од:

Само четири отсто од Французите се задоволни од работата на Франсоа Оланд како претседател, според Центарот Ипсос-SСопра Стериа и Центарот за политички истражувања На Политичките науки, објавен денес во париски Ле Монд, пренесува дописникот на МИА.

Од 17.047 испитаници, анкетирани меѓу 14-19 октомври, три проценти се„”делумно” задоволни и  еден отсто многу задоволни, наспроти 70 проценти кои велат дека не се задоволни од работата на шефот на државата и 26 проценти не се ни едното, ниту другото.

Просечната оценка на испитаниците за Франсоа Оланд е 2.3/10.

Истражувањето спроведено редовно од ноември 2015 година систематски дава процент на задоволни многу понизок од другите анкети (поминувајќи од 12 отсто во првиот бран на 5 отсто во мај и јуни, со благ раст на 6 отсто во септември). Спротивно на тоа, бројот на луѓе кои се незадоволни, исто така е помал во споредба со другите истражувања, додека бројот на испитаниците кои се неопределени исто така е значително повисок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили