Салмонд: Унионистите си играат со оган

Од:

Шкотскиот прв министер Алекс Салмонд ги обвини унионистите, кои се противат на отцепувањето на Шкотска од Влеика Британија, дека „си играат со оган“ обидувајќи се да блокираат секаков договор за идната валута на евентуана независна шкотска држава.

Според Салмонд, противниците на независноста не може да спречат „независна Шкотска“ да ја користи фунтата како своја национална валута, затоа што таа „не е само британска“.

Активистите на кампањата „Заедно е подобро“, што шкотските сепаратисти ги нарекуваат „унионисти“, во сите свои настапи нагласуват дека користењето на фунтата без постоење на монетарна унија меѓу евентуалната новата независна држава и остатокот на Велика Британија, ќе предизвика затворање на голем број работни места во Шкотска и драстично ќе ги намали јавните буџетски трошоци.

Лидерите на Конзервативната, Лабуристичката и Либералдемократската партија, со заедничка декларација, отфрлија секаква можност за созадавање монетарна унија, доколку гласачите на референдумот од 18 септември се определат за отцепување на Шкотска од Обединетото Кралство.

Салмонд, кој со својата Шкотска национална партија (СНП) е главен поттикнувач за сепаратизмот во Шкотска и за организирање на референдумот, меѓутоа тврди дека договор за заедничко користење на фунтата е во интерес и на „независна Шкотска и на остатокот од Велика Британија“.

Тој беше остро критикуван од своите сопартијци и од сепаратистите, по поразот што го доживеа во првата јавна телевизиска дебата пред референдумот.

Проценка на кампањата за отцепување е дека Салмонд беше „тешко поразен“ од Алистер Дарлинг, раководител на кампањата „Заедно е подобро“, поради немањето аргументи за економските параметри и за придобивните на луѓето од независноста, како и околу тоа која валута ќе ја користи Шкотска, доколку се отцепи и што тоа ќе им донесе на Шкотланѓаните.

Истражувањето на агенцијата Ипсис-Мори, на пет недели пред референдумот, покажува дека 54 отсто од гласачите се против отцепувањето, додека 40 отсто се за независност.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски