Салехи: За пет дена ќе можеме да ја зголемиме збогатеноста на ураниумот

Од:

На Иран ќе му требаат само пет дена да ја зголеми збогатеноста на ураниумот на 20 отсто, изјави денеска шефот на Иранската организација за атомска енергија, Али Акбар Салехи.

Тоа е нивото со кое ураниумот може да се користи за производство на нуклеарно оружје.

– Доколку се одлучиме, во нуклеарната инсталација Фордо за најмногу пет дена можеме да произведеме ураниум со чистота до 20 отсто, изјави Салехи во интервју за иранската државна телевизија ИРИБ, а пренесоа француските медиуми.

Салехи, меѓутоа, додаде дека Техеран не сака тоа да се случи.

– Дефинитивно, не сме заинтересирани за таков развој на ситуацијата. Договорот не го постигнавме лесно за лесно да го напуштиме. Посветени сме и лојални на договорот, рече Салехи.

Иран, како што наведуваат американските медиуми, по потпишувањето на историскиот нуклеарен договор со светските сили,во 2015 година, се откажа од повеќето свои залихи од 20-процентен збогатен ураниум.

Со овој договор нивото на збогатеност на ураниумот за производство во Иран е огранчено на пет отсто, а во замена за ограничувањето на иранската нуклеарна програма, на Техеран му беа укинати санкциите.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел