Салах Абдеслам одби да зборува пред судот во Париз

Од:

Осомничениот за нападите во Париз во ноември минатата година, Салах Абдеслам денеска одби да зборува пред истражните судии, изјави неговиот адвокат Франк Бертон.

Тој посочи дека Абдеслам се повикал на правото да молчи и распитот завршил.

Адвокатот наведе дека неговиот клинет подоцна може да побара да зборува, но не посочи точен датум.

Абдесалам, последниот преживеан извршител на нападите во Париз, во кои загинаа 130 луѓе, минатиот месец изјави дека сака се да објасни.

Бертон посочи дека Абдесалам е вознемирен поради деноноќното видеонабљудување на ќелијата, каде е затворен под строги безбедносни мерки.

Денеска беше првиот распит на Абдеслам откако минатиот месец беше екстрадиран од Белгија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили