САД: Воз со токсични материи излета од шини и се запали

Од:

Воз што превезувал хемиски токсични материи излета од шини и се запали во Тенеси, во јужниот дел на САД, соопштија противпожарните екипи.

Возот излетал од шините во областа Меривил, во близина на градот Кноксвил. Тој превезувал акрилонитрил, запалив и токсичен хемиски производ што претставува ризик за дишните патишта, изјави пожарникарот Кермит Естерлинг.

Засега нема информации за човечки жртви, а полицијата започна со евакуација на локалното населние во училиштата кои се претворени во прифатни центри.

Пожарникарите засега не успеваат да го неутрализираат пожарот поради опасниот акрилонитрил, а екипите специјализирани за опасни материи се упатени на местото на несреќата.

Возот што превезувал и контејнери со течен нафтен гас излетал од шините малку пред полноќ по локално време, потврдија противпожарните екипи.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски