САД воведуваат нови рестриктивни мерки против Русија

Од:

САД ќе воведат визни ограничувања за околу 500 руски службеници поради ко нфликтот во Украина, како и повисоки царини за над 570 видови руски стоки и санкции против компании кои и помагаат на Русија да избегне рестриктивни мерки, објави денеска Белата куќа.

„Американското Министерство за финансии ќе воведе санкции за приватни воени компании кои работат во Украина, руски воени единици вклучени во кршење на човековите права или кршење на меѓународното хуманитарно право во Украина, како и високи функционери назначени од Русија во опколените области или држени од руски сили“, вклучително и министри и градоначалници на спорните градови“, се наведува во соопштение на Белата куќа.

Се додава дека државата ќе воведе визни ограничувања за околу 500 функционери поради „закани или кршење на суверенитетот, територијалниот интегритет“.

САД најавија и воведување повисоки царини за повеќе од 570 видови стоки од Русија, во вредност од околу 2,3 милијарди долари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски