САД воведoa санкции врз компаниите што ѝ помагаат на Северна Кореја

Од:

Министерството за финансии на САД воведе санкции врз еден руски државјанин, еден севернокорејски функционер и две компании поради нивна вмешаност во измамничка шема за финансирање на севернокорејскиот режим преку вработување на ИТ професионалци преку фиктивни компании во странство, соопшти Министерството за финансии на САД.

Санкциите се насочени кон рускиот државјанин Виталиј Андреев, севернокорејскиот државјанин Ким Унг-сунг, кој е трговски и економски конзул во Русија, и компаниите „Шенјанг Геумпунгри Нетворк Технолоџи“ и „Кореја Синџин Трејдинг Корпорејшн“.

Според Џон Гурли, заменик-секретар на Министерството за финансии на САД, севернокорејскиот режим продолжува да ги таргетира „американските бизниси преку измамнички шеми во кои се вклучени неговите странски ИТ работници кои крадат податоци и бараат откуп“.

„Под водство на претседателот (Доналд) Трамп, Министерството за финансии е посветено на заштита на Американците од вакви шеми и нивно повикување на одговорност“, додаде тој.

Активностите на овие лица и компании вклучуваат конвертирање криптовалути во готовина, користење лажни документи и лажни идентитети за прикривање на идентитети и користење малициозен софтвер за кражба на доверливи податоци.

Андреев и Ким договориле финансиски трансфери во вредност од приближно 600.000 долари за компанијата за информатичка технологија „Чинјонг“, компанија поврзана со Министерството за одбрана на Северна Кореја.

Се забележува дека кинеската компанија „Шенјанг Геумпунгри Нетворк Технолоџи“ заработила повеќе од 1 милион долари од 2021 година за „Чинјонг“ и „Кореја Синџин Трејдинг Корпорејшн“, кои се подредени на Министерството за одбрана на Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Невремето на источниот брег на САД слабее, околу 300.000 потрошувачи и натаму без струја

Нова закана од Техеран: Иранската гарда вети одмазда за загинатите морнари

(ВИДЕО) Невремето им го расипа празникот на Американците: Речиси милион луѓе без струја за Денот на благодарноста, авионскиот сообраќај во колапс

1.200 летови откажани во САД за Денот на благодарноста поради лошо време

ЕУ планира технолошки фонд од 50 милијарди евра за да ја намали зависноста од САД и Кина

Горан Наумовски

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“