САД воведоа санкции на Кинеската воена агенција

Од:

САД воведоа санкции на кинеската воена агенција и нејзиниот директор поради набавката на воена опрема од Руѕија. Санкциите се воведени врз основа на актот усвоен во 2017 година во САД наречен „Акт на борбата против американските противници преку санкции“.

Претставници на Стејт департментот соопштија дека веднаш воведуваат санкции за кинескиот Оддел за опрема и развој кој го следи развојот на технологијата во областа на одбраната во Кина, а поради вклученост во „значајни размени“ со главниот руски извозник на оружје Рособоронекспорт.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп наведе и 33 лица и субјекти кои се поврзани со руската војска и разузнавачката служба, додавајќи ги на списокот лица на кои им се воведени санкции.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа

Авионска несреќа во САД, загина пилот, еден патник е повреден

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ