САД воведоа санкции кон синот на Мадуро

Од:

САД денеска го засилија притисокот врз венецуелскиот претседател Николас Мадуро, воведувајќи санкции кон неговиот син Николасито Мадуро.

Како што соопшти американското Министерство за финансии, санкциите кон Николасито Мадуро се воведни поради неговото учество во ширењето пропаганда и воведувањето цензура, како и затоа што профитирал од заработката на венецуелските рудници и помагал во притисокот на војската за спречување на влез во Венецуела на меѓународната хуманитарна помош.

– Мадуро се потпира на неговиот син Николасито и на другите блиски соработници на неговиот авторитарен режим, за да го одржи притисокот врз економијата и да ги угнетува жителите на Венецуела. Министерството ќе продолжи со целни мерки против соучесниците и роднините на припадниците на незаконскиот режим, кои профитираат од корупцијата на Мадуро, се наведува во соопштението на американското Министерство.

САД, како и повеќето западни земји, не го признаваат ланскиот реизбор на Николас Мадуро за претседател на Венецуела и го сметаат првиот човек на Националното собрание, Хуан Гуаидо за легитимен привремен шеф на државата.

За разлика од ова, Русија, Кина, Турција и неколку други земји за легитимен претседател на Венецуела го сметаат Мадуро, кој го обвинува Гуаидо дека е марионета на Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он