САД воведе санкции за најмоќните руски компании

Од:

САД ги зајакнаа санкциите против Русија, поради украинската криза, а нивна мета се големите руски банки и фирмите од одбрамбен и енергетски сектор.

На листата се најде и нафтениот гигант „Росњефт“ и третата најголема банка во Русија „Газпромбанк“, но и високи руски функционери и проруски бунтовници во источна Украина.

Американскиот претседател, Барак Обама во кратко обраќање пред новинарите во Белата куќа рече дека санкциите се воведуваат поради тоа што Русија одбива да работи на дипломатско решавање на кризата и се уште им доставува оружје на бунтовниците.

Тој додаде дека за тоа веќе неколку пати разговарал со Путин, но дека до сега ниту едно нивно барање не е исполнето.

Претседателот на САД истакна и дека во тек се консултации со ЕУ за тоа на кој начин, Брисел би можел да и се приклучи на новата рунда американски санкции.

Челниците на ЕУ на состанокот на врвот во Брисел, одлучија да ги засилат рестриктивните мерки против Русија, без воведување економски санкции.

-Европското собрание се согласи да ги прошири рестриктивните мерки кон целните ентитети, вклучувајќи ја и Руската Федерација, која им дава финансиска помош на акциите за загрозување на украинскиот суверенитет, териоријален интегритет и независност- се вели во заклучоците кои ги усвоија лидерите на 28-те држави членки.

Инаку ЕУ се уште се воздржува од опсежни економски санкции против Русија, бидејќи со тоа би биле погодени и интерсите на повеќе држави членки.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства