Лидерот на Исламска држава (ИД) во Сирија, Махер ал Агал е убиен при напад со американско беспилотно летало.
Американската Централна команда соопшти дека Ал Агал е елиминиран во близина на Џиндирес, а во нападот сериозно е повреден еден од неговите најблиски соработници.
Додека „Ерусалим пост“ објави дека цел на нападот бил лидерот на ИД и неговиот заменик.
Нападот врз ал Агал се случи по пет месеци откако во американска операција во во градот Атме, беше елиминиран лидерот на ИД, Абу Ибрахим ал Куреши. Според американските власти Куреши загинал кога активирал бомба за да избегне апсење.
Во 2019 година, лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади загина за време на американски напад во Идлиб. Тој исто така го активирал самоубиствениот појас за време на американската воена операција.
Извор: МИА