САД со бомби предизвикуваат цунами?

Од:

Теоретичарите на завери тврдат дека разорувачкото цунами кое во 2004 година го опустоши брегот на Индискиот океан, при што загинаа повеќе од 220.000 лица не е природна катастрофа, туку последица на бомба која САД ја детонирале во Индискиот океан, пренесуваат медиумите.

Додека одредени лица веруваат дека покрај сегашнава технологија е лесно да се предизвика земјотрес со толкав интензитет, други сметаат дека за тоа би била потребна бомба од 178 мегатони. Инаку најмоќната тестирана хидрогенска бомба имала 57 мегатони (СССР, 1961).

Сепак приказните за планови да се направи ваков разорен уред не би требало да се отфрлаат, доколку се земе во предвид дека пред околу 15 години, во јавноста протече документ за проектот „Фока“ – тестови кои во тек на Втората светска војна ги развивале САД и Нов Зеланд, а кои имале за цел да произведат тектонско оружје, кое би можело да предизвика разорувачки цунами.

-Проектот „Фока“е започнат на барање на Командата за јужнопацифичката област (ЦОСМОПАЦ), на владата на Нов Зеланд во април 1944 година, да се истражат можностите за правење офанзивни бранови со помош на експлозив.

Во проектот учествувале членови на 24-тата воена единица, новозеландски инженери, авијација и морнарица во соработка со американските авијација и морнарица , во периодот помеѓу 6-ти јуни 1944 и 8-ми јануари 1945 година.

Изведени се околу 3.700 експерименти и во нив се користени помеѓу девет грама и 300 килограми експлозив-пишува во официјалниот новозеландски документ, кој што беше тајна до пред некоја година. Според наводите истрагата покажала дека предизвикување на офанзивна поплава е можно под поволни услови.

Писателот и режисер Реј Вару прв го открил документот за проектот „Фока“, па напишал и книга за тоа.

– Открититето многу ме изненади. Прво идејата да се направи оружје за масовно уништување, засновано на цунами, а второ што Нов Зеланд учествувал во тоа. Ова оружје изгледа како да е од филм на Џејмс Бонд, но сериозно се работело на негов развој. Сепак направена е нуклеарна бомба, па експериментите се сопрени -вели тој. Американскиот новинар и уредник Давид Чејс Тејлор тврди дека војската на САД не само што во 1944 и 1945 година експериментирала со цунами-бомби, туку и дека ги употребува доста често.

„Непосредно пред ураганот Сенди на 26-ти октомври 2012 година да го погоди Њујорк, беше објавено дека американската морнарица испратила 24 бродови на море, со цел да не ги зафати оваа супер-бура. Меѓутоа, доколку Сенди, кој што е ураган од прва категорија, навистина бил толку опасен, зошто би биле испратени бродови кон него? Дали тие бродови учествувале во детонација на цунами-бомбата, на чие создавање Америка работела во 1944 година? Дали цунамито кое го погоди источниот брег на САД и кое уби повеќе лица е всушност дело на човек? Особено сомнително е што ударот на цунамито воопшто не се поклопи со нормален начин на удар на ураган“ – пишува Тејлор.

Тој тврди дека слично цунами САД произвеле и на Нов Зеланд во 2013 година, како и дека го создале цунамито кое во 2004 година го зафати крајбрежјето на Индискиот океан. -Бранови високи до 15 метри, убија повеќе од 220.000 лица во 12 држави, а ги покрена земјотрес кој го предизвикаа луѓе. Сличен напад ќе организира ЦИА и во 2015 година, затоа не треба да не изненадуваат зачестените медиумски натписи дали Индонезија е подготвена за ново цунами- тврди Тејлор.

Тој додаде дека и министерот за одбрана на САД, Вилијам С. Коен во април 1997 година изјавил дека државите се занимаваат со еко-тероризам со цел да ја променат климата и да предизвикаат земјотреси или ерупции на вулкани со помош на електоромагнетни бранови.

Сепак тој вели дека тие „природни“ катстрофи полесно е да се изведат со експлозив, а дупките што ги прават нафтените компании се најдобро покритие за таквите експерименти и акции.

-Вештачки земјотреси се забележани и во тек на нуклеарните проби во Северна Кореја во февруари 2013 година-вели тој.

Инаку тестовите биле спроведени по налог на САД, додека Нов Зеланд обезбедил локација и логистика. Во документите не се споменува можната мета на нападот, но со оглед на тоа што во тоа време се водела Втората светска војна, веројатно мета била Јапонија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Италија го повлече предупредувањето за цунами

Земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди регионот на Тонга, издадено предупредување за цунами

А1он

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, се стравува од цунами

А1он

Јапонските власти се плашат од земјотрес кој би предизвикал цунами

А1он

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Карибите, издадено предупредување за цунами кај Јамајка

Предраг Петровиќ

Бројот на жртви од цунамито во Индонезија се искачи на 420, опасност од ново цунами се уште постои

Наум Локоски