Бројот на жртви од цунамито во Индонезија се искачи на 420, опасност од ново цунами се уште постои

Од:

Директорот на индинезиската агенција за природни катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо изјави дека билансот на жртви од ударот на цунамито, во саботата вечерта, се искачи на 420 лица, а 128 се водат за исчезнати.

Повеќе од 1.400 луѓе се повредени, а неколку илјади останаа без своите домови, пренесе „АП“.

Вулканот Анак Кракатау во Индонезија и понатаму е активен, а за жителите на околното подрачје издадено е предупредување за ново цунами.

Како што пренесе „Би-Би-Си“, Нугрого на вчерашната прес-конференција изјави дека постои опасност од ново цунами поради постојаната ерупција на вулканот.

„Препораката од Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика гласи луѓето да стојат настрана од плажите некое време“, рече портпаролот.

„Ројтерс“ јави дека речиси 12.000 лица од крајбрежните подрачја се присилно евакуирани.

Цунамито ги погоди плажите помеѓу островите Јава и Суматра, откако беше покренато подводно свлечиште предизвикано од ерупција на вулкан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени