(ВИДЕО) Најмалку тројца планинари загинаа за време на ерупција на вулкан во Индонезија

Од:

Најмалку тројца планинари загинаа денес кога еден од најактивните вулкани во земјата еруптираше во источна Индонезија, исфрлајќи пепел со километри во воздухот, соопштија официјални лица.

Според „Њујорк тајмс“, вулканот Дуконо, кој се наоѓа на островот Халмахера, еруптирал околу 7:40 часот по локално време, со силен татнеж и формирање густ облак од пепел околу десет километри над врвот, според извештајот на Индонезиската вулканолошка служба.

Локалниот шеф на полицијата, Ерлихсон Пасарибу, потврди дека двајца Сингапурци и еден Индонезиец загинале.

Од вкупно 20 лица кои биле на планината во времето на ерупцијата, 15 планинари успеале безбедно да се спуштат, додека двајца водичи помагаат во извлекувањето на телата на жртвите.

Полицијата истакна дека искачувањето на Дуконо е строго забрането од минатиот месец поради зголемената активност на вулканот, за што јавноста беше информирана на 17 април.

Би можело да ве интересира

Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени

Во Индонезија исчезна авион со 11 патници – делови од леталото најдени на планина

А1он

(ВИДЕО) Најмалку 16 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Индонезија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Страотен биланс од поплавите во Индонезија, над 440 мртви и повеќе од 400 исчезнати

ВИДЕО: Во Индонезија, најмалку 248 мртви и 100 исчезнати по поплавите и лизгањата на земјиштето

(ВИДЕО) Се урна исламско религиозно училиште во Индонезија, потрагата по учениците е во тек

Горан Наумовски