САД се подготвуваат за напад

Од:

Американскиот носач на авиони на нуклеарен погон „УСС Нимиц“ и останатите бродови од неговиот состав се упатија во Црвеното море, како помош во случај на напад на Сирија.

-Се работи на распоредување на средства кои би биле потребни во случај на напад -изјави американско официјално лице за „Ројтерс“.

Воената флота во чиј состав се четири разорувачи и еден крстосувач, се уште немааат специфични наредби и се движат кон Арапското море.

Досега носачот, беше на позициите во Индискиот океан каде што им беше давана помош на американските операции во Авганистан.

Само за потсетување, американскиот државен секретар Џон Кери вчера изјави дека САД имаат цврсти докази дека режимот на Асад употребил хемиско оружје, додека американскиот претседател Барак Обама рече дека се подготвени за интервенција но чекаат одобрување од Конгресот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас