САД се подготвуваат да испратат уште три илјади војници во Авганистан

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп се консултира со своите советници околу испраќањето дополнителни три илјади војници во Авганистан, за борба против локалните талибанци, јавуваат медиумите во САД.

Воените команданти бараат и согласност за воздушни напади врз водачите на талибанските бунтовници, а според американските медиуми, армијата побарала меѓу три и пет илјади нови војници.

Во февруари годинава, командантот на американските сили во Авганистан, генералот Џон Николсон во изјава пред една сенатска комисија во Вашингтон рекол дека „на теренот сега недостигаат неколку илјади војници“ и побарал повеќе трупи за да се скрши отпорот на бунтовниците.

Според медиумите, претседателот Трамп засега нема одлучено дали да го прифати барањето на армијата.

Одлуката се очекува да биде соопштена пред Самиот на земјите на НАТО, во Брисел, на 25 мај.

Во Авганистан сега има 13 илјади војници кои се распоредени под знамето на НАТО, од кои 8400 се Американци.

Во 2014 година, со одлука на тогашната администрација на претседателот Барак Обама, беа прекинати воените операции на американската војска против талибанците, но останаа специјалните сили кои се вклучени во помагањето на авганистанската армија.

Минатиот месец, талибанците објавија почеток на нвната „пролетна офанзива“, по што беа убиени 135 авганистански вјници, во текот на нападите врз едно воено упориште во градот Мазар-а-Шариф, на северот од земјата.

Талибанците продолжуваат да атакуваат и врз градот Кундуз во исоимената провинција, чии делови веќе имаат под своја контрола.
Во соопштението на талибанцие се вели дека главна цел на „офанзивата„ ќе бидат странските воени сили.

Би можело да ве интересира

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа