САД сакаат СБ на ОН в понеделник да гласа за резолуција за Северна Кореја

Од:

САД му најавија на Советот за безбедност на Обединетите нации дека в понеделник планираат да свикаат седница за гласање на нацрт-резолуцијата за воведување дополнителни санкции против Северна Кореја поради нејзината нуклеарна и ракетна програма.

Според резолуцијата САД сакаат од СБ да воведе нафтено ембарго кон Северна Кореја, да се забранат извозот на текстил и наемот на севернокорејски работници во странство, а исто така да се замрзнат сметките на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и да му се воведе забрана за патување.

Не е познато како ќе гласаат севернокорејскиот сојузници Кина и Русија, но висок американски службеник изрази сомневање дека овие две земји би усвоиле построги мерки од забраната на извоз на севернокорејски текстил.

Кинески претставници изразуваат стравувања дека воведувањето нафтено ембарго може да предизвика голема нестабилност во Северна Кореја.

Резолуцијата за да биде усвоена треба да добие поддршка од девет од 15-те членови на Советот и никој од постојаните членови, Велика Британија, САД, Франција, Русија и Кина да не стави вето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета